По повод доделувањето на музичките награди MTV, ѕвездената тројка составена од Жизел Бундшен, Марио Тестино и Стјуарт Вајцман сними одлична кампања во која моделот покрај прекрасните нозе и чевли, ги покажува и нејзините танцувачки способности.
Таа е главна хероина во новата видео кампања на дизајнерот насловена како Make That Move, во која танцува заедно со уште неколку згодни момци.
„Кога девојките ќе видат дека во овие чевли може да се танцува, ќе знаат дека можат да ги носат секој ден. Важно е да им покажеме што сѐ можеме да правиме во нив, а не само колку добро изгледаат на нога“, изјави дизајнерот.
Целосното видео ќе биде прикажано оваа недела на MTV музичките награди. Маркетинг директорката на брендот Сузан Дафи изјави дека со оваа видео кампања сакаат да привлечат дополнителна публика и да го популаризираат брендот, а прикажувањето на видеото на наградите во недела е совршен завршеток на една супер маркетинг филозофија.