Не помина ниту еден месец од дебито на модните писти во Париз на новиот креативен директор Марко Ѕанини на модната куќа Скјапарели, а тој веќе се врати во историјата на модната приказна на оваа модна куќа.
Имено, аукциската лондонска куќа Kerry Taylor Auctions, за 110.000 илјади фунти или 130.000 илјади евра го продаде палтото дизајнирано од Мадам Скјапарели за сезоната есен-зима1938-1939, кое припаѓа на колекцијата под наслов „Астрологија“.
Палтото е изработено од најквалитетен син сомот, целосно покриен со вез изработен во куќата Lesage во Париз, која порано била историска лабораторија каде се везеле облеките за колекциите на висока мода, која Шанел во 2002 година повторно ја реставрираше.
На јакната има извезени апликации од галаксии, ѕвезди, планети и хороскопски знаци. Според Кери Тејлор од аукциската куќа, борбата во наддавањето навистина била навистина неизвесна, со оглед на тоа што во прашање било една од најубавите парчиња кои некогаш таа имала чест да ги погледне.