Зое Салдана е ново заштитно лице на Лореал
•
29 март 2014
Успешната Зое Салдана им се придружи на колешките Фрида Пинто, Бијонсе Ноулс и Џулиен Мур, потпишувајќи договор со козметичкиот бренд Лореал Париз. Како ново заштитно лице, 35 годишната актерка ќе се појави во разни рекламни кампањи иако сеуште не е одлучено кои производи ќе ги промовира.
„Никогаш во животот не сум посакувала ништо повеќе од тоа што го имам. Жените кои целиот живот го трошат мечтаејќи по нешто кое го немаат, обично не знаат да го ценат тоа што го поседуваат“ – изјавила Зое во интервју за InStyle