Зои Салдана ја замени Кејт Мос како заштитно лице на Стјуарт Вајтцман

23 мај 2014

Доколку Зои Салдана воопшто се прашувала дали и како ќе успее да ја замени големата Кејт Мос во рекламната кампања на Стјуарт Вајтцман, сега веќе сѐ е јасно!

Многумина проценија дека шармантната Зои Салдана изгледа многу посекси од модната икона! Во рекламното видео што трае околу три минути, таа се појавува во неколку одлични парчиња на брендот, меѓу кои и секси костим за капење во кој ужива со пријателите покрај базенот.

Во одличното летно видео во режија на Нино Муњоз, Зои се појавува во супер секси издание и ужива на креветот, по што се движи низ собата во ултра сексапилен кус фустан во комбинација со тренди чевли.

Во целото видео, 35 – годишната актерка менува неколку комбинации, додека флертува со момците на базенот и додека си игра со преслаткото кученце кое што се појавува во спотот.

Покрај одличната забава што се случува во видеото, она што е подеднакво совршено е и песната Feel So Good од Jamiroquai која се чини дека супер одговара со целата атмосфера.

Пораката што брендот и овојпат сака да ја прати со ангажирањето на прекрасната Зои, е дека сите парчиња на Стјуарт Вајтцман се наменети за силни, самоуверени, секси и забавни жени. А веќе знаеме дека Зои е една од нив, нели?

#t=34

Објавено:
23 мај 2014
Категорија: 
Актуел