Сигурни сме дека некогаш ви затребале закачалки за облека, а понудата во продавниците е сведена на оние изработени од пластика.
Не може да речеме дека не вршат работа, бидејќи се цврсти, но оние од постарата генерација сигурно се сеќаваат дека порано закачалките беа или дрвени или од жица.
Не само што изгледаат поотмено, дрвените закачалки се и покорисни.
Имено, тие не се изработуваат од било кое дрво, туку исклучиво од кедар. Зошто токму од ова? Убаво мириса, отпорно е,и најважно во овој случај, природна одбрана против бубачки и молци.
Во контекст на ова оди и информацијата дека токму од ова дрво порано се обложувала внатрешноста на креденеците и сандаците каде се чувала облека, пред се' волнена.
Така, дрвените закачалки ќе бидат поефикасни во зачувувањето на јакните, капутите, фустаните, за разлика од пластичните.
Секако, тие се поскапи, но вреди да инвестирате во неколку.