Миленикот на холивудските девојки, а впрочем и на секоја од нас, Зухаир Мурад конечно ги објави сите фотографии и видеото од неговата есен – зима 2015 кампања.

Прекрасната Ирина Николаева на совршен начин ги прикажува гламурозните и блескави тоалети што само тој знае да ги изработи.

Сосема во негов стил, дизајнерот за претстојната сезона создаде рачно везени и украсени долги тоалети во сребрена, црна и чиста бела варијанта.

За девојките што секогаш одбираат панталони во замена за блескав фустан, дизајнерот скрои совршени модели што ги комбинираше со нежни блузички од тантела и нежен материјал украсен со црни детали.

Погледнете ги сите фотографии и одберете го вашиот фаворит од неговата есенска, гламурозна колекција.

 

Објавено:
2 септември 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
3.050 пати