„Во светот на бајките“ – модна ревија на студентите од Технолошко-техничкиот факултет при УГД
•
9 јуни 2017
Студентите на Технолошко-техничкиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев" во Штип, ја организираат својата традиционална завршна модна ревија, која годинава е конципирана како бајковито модно доживување насловено „Во светот на бајките".

Во рамките на модната ревија, студентите ќе ги презентираат своите уникатни креации дизајнирани под менторство на м-р Сања Ристески.

Модната ревија е закажана за понеделник (12 јуни) со почеток во 19.30 часот во градската библиотека „Гоце Делчев" во Штип, по што ќе следува изложба на фотографии и модели.

