Откако ја официјализираа својата соработка во 2011 година, култниот бренд за спортска облека, Адидас и дизајнерот Џереми Скот, постојано тргаат во необична спортско модна авантура. Џереми е познат по необичниот дизајн и инспирацијата која досега ја насочуваше од Симпсонови па до Хилибили. Овој пат, станува збор за спортска колекција за пролет-лето 2014 сочинета од: спортски мрежести кошули, дресови, зип јакни, безбол кошули, шорцеви, тренерки.
Пример дека неговото око ја сака колоритноста и принтовите, се цветните мотиви, гепард отпечатоците и различните текстури. Минатата година Скот за Адидас изработи линија на детски патики што имаа крилја, а сега и во оваа колекција за возрасни тој повторно ги вметна, но овој пат на популарните женски патики на платформа.