Акрис е моден бренд од Швајцарија. На нашата публика можеби и не толку многу познат, но со ревијата за есен-зима 2014, тимот на оваа модна куќа одбележа 10 години постоење. Креативниот директор Алберт Кримлер, како инспирација се послужи со фото-принтови, како и од работата на германскиот фотограф Томас Руф.
Ова влијание посебно се забележува во третиот дел од ревија, кај фустаните без ракави, каде принтовите претставуваат вечерна визија на фотографиите на Руф, па во еден момент се добива тродимензионална игра од големини и бои.
Инаку, колекцијата започнува со парчиња во црна и бела боја, мошне софистицирани и женствени, за потоа да продолжи со комбинации во сиви нијанси, каде доминираат панталони и деловниот изглед.
Дизајнерскиот тим исто така прави игра на материјали, така во една комбинација има и волна, крзно, или детали од крзно, како и свила или жоржет.
Погледнете во продолжение како изгледа зимската колекција на Акрис: