Конечно ја дочекавме најегзотичната и најкул колекција за сезоната што следи! Секогаш неодоливите Alice + Olivia конечно ја објавија нивната летна колекција целосно инспирирана од единствената Фрида Кало.
Како и Карл Лагерфелд, така и дизајнерите на овој одличен бренд инспирацијата ја пронајдоа во колоритната Хавана и мексиканската уметница Фрида Кало.
Целата колекција е преполна со прекрасни парчиња што изобилуваат со боја, неодоливи принтови како разни цвеќиња, овошје, архитектура и разни везови и апликации.
Фустаните се дефинитивно најзастапени во колекцијата, како едни од омилените парчиња на девојките во текот на летниот период.
Подеднакво прекрасни се и здолништата и маичките од тантела кои ја сочинуваат совршената комбинација за долгите топли ноќи.
Дел од истата се и бохо кафтани со цветен принт, широки и куси панталони, џемперчиња со сладок принт, но и малку поелегантни фустани за свечени пригоди.
Едиторијалот е снимен во неодолива стаклена градина која совршено се вклопи во секоја комбинација на брендот.
Стајлинзите се надополнети со цветни круни на главите на девојките, волуменозни обетки, многу накит и мачкасти очила за сонце.
Креативната директорка на брендот изјави дека оваа колекција е наменета за секојдневниот живот и совршено скроена до последен детаљ.