Авантуристичкиот дух на Калифорнија во новата колекција на Манго
•
19 април 2018
Лесниот и лежерен ритам на калифорниското сончево крајбрежје, го диктира темпото на новата летна колекција на шпанскиот бренд Манго.
Колекцијата е буквално олицетворение на опуштените летни денови, па е во знакот на лелеавите кроеви со слободен пад, лесните и удобни материјали и неутралните и суптилни бои.
Од Манго се посветиле на практичната функција на колекцијата и внимавале да биде имплементирано секое парче од гардероберот што ќе и биде неопходно на секоја девојка во текот на летната сезона.
Тука ќе ги споменеме неизбежните бели кошули и блејзери изработени од лен, „палазо" панталоните, здолништата со миди крој, како и модните додатоци изработени од природни материјали, како што се чантите од бамбус...