Работата на францускиот кинематограф Жорж Мелис и неговите незаборавни филмски патувања, ги инспирираа дизајнерите во модната куќа Делпозо во создавањето на нивната прва ресорт колекција.

Ѕвездите и мотивот на риби послужија како подлога за креирање на фустани со помалку архитектонски дизајн, впечатливи блузи со панделки и карнери, надополнети со волуменозни рамена.

Дел од колекцијата се и прекрасни здолништа, долги фустани од муслин, впечатливи живописни бои како жолта, зелена и сина, бело – розови нијанси како контраст кои ја прават колекцијата уште помагична.

Неверојатно интересни се и долгите  впечатливи палта во јаки бои, украсени со морски мотиви кои изгледаат подобро од кога и да е.

Магични се и модните додатоци кои се дел од колекцијата, претежно во крем нијанса, надополнети со 3Д апликации во вид на реси.

Сите модели од колекцијата се совршен пример за тоа какви парчиња треба да одберете на следната важна пригода, на која дефинитивно ќе заблескате со Делпозо.

Објавено:
16 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
126 пати