Во Љубљана неодамна се одржа модната недела, на која учество зема и нашата дизајнерка Евгенија Зафировска.
За потсетување, Ена магистрираше во овој град токму на моден дизајн, по што и остана да работи, но никогаш запоставувајќи ја и македонската публика.
Во рамки на споменатата модна недела, Евгенија прикажа креации во кои повторно ги обеднини темите по кои е и препознатлива - архитектура во комбинација со занаетчиски техники, како и модерна технологија и традиција, а под името „Part of two“.
Овој пат, колекцијата ја надополнија и чантите на дизајнерката Теја Јеглич.
-Почетокот на нашата соработка во колекцијата е прикажана преку строгите линии на одреден архитектонски објект. Откривме заедничка точка во архитектурата, која што е дел од човековата култура и е поврзана со различни аспекти на животот. Oгромната библиотека и просторот за настани, дизајнирано од студиото Civic Architects со седиште во Амстердам, зазема поранешна гаража за локомотиви од стакло и челик пролеана во Тилбург, Холандија. Бевме импресионирани од реновираниот необичен простор и колекцијата ја надополнивме со органски линии што претставува интеракција помеѓу луѓето во библиотеката. Дизајниравме 19 елегантни и класични силуети користејќи креативни техники, манипулација со ткаенини и асиметрија. Секое парче претставува безвременска и бавна модна филозофија. Инспирацијата е преплетена помеѓу облеката и модните додатоци, колекција за жени пролет 2020 година - објаснува дизајнерката.
Црната доминира, во комбинација со црвена, ткаенини кои го истакнуваат сјајот, како и ткаенини со принт, а севкупно ја заокружуваат изразот на кој дизајнерката ја гради својата препознатливост. Речиси секоја од креациите е заокружена со плетен моден додаток.
Погледнете: