Чалајан: Вистинска летна колекција
•
17 јули 2014
Колекцијата на Хусеин Чалајан за пролет-лето 2014 е свежа, разиграна и во вистинска смисла на зборот летна. За тоа придонесуваат изборот на лесни, лелеави материјали, како и оние интересни принтови. Ревијата ја отвора костим за капење со сино-бели риги, крпи за плажа во истите бои, а подобра асоцијација од тоа на лето нема.
Низ колекцијата доминираат лелеави фустанчиња, блузи и здолништа, панталони и најчесто во бела боја. Има и по некое црно парче, како и долги тоалети, за некое летно свечено случување.
Особено интересни се модните додатоци - чадори во форма на шапки, како и последните креации каде има комбинација на повеќе бои и техники.
Погледнете ја колекцијата на Чалајан и кажете ни дали ви се допаѓа: