Делпосо: Колекција што ја истакнува женственоста

13 јуни 2014

collage

Мадридскиот бренд Делпосо за оваа сезона подготви светла и волуменозна колекција. Креативниот директор Јосеп Фонт кој е дел од тимот на куќата речиси две години, е познат по комбинирањето на неочекувани волуменозни парчиња во модерен контекст, а токму таква е и оваа колекција за пролет-лето 2014.

Ревијата ја отвори романтичен топ во комбинација со здолниште со нагласена структурална форма до глужд, форма што може да се забележи и на уметничките дела од 19.век. На пистата се појавија и цветни комбинации, а многумина добија впечаток дека колекцијата изгледа како да е од Висока мода, а не од ready-to-wear. Но, неизостанаа и секојдневните комбинации, како на пример панталони до глужд и транспарентни кошули.

На тој начин Фонт успеа да го привлече вниманието на жените со различен моден сензибилитет, но сепак да ги поврзува идејата и замислата за женственост.

Во продолжение погледнете ја целата колекција и одберете го својот фаворит:

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Колекции