Модното дуо Долче и Габана изминатиов викенд приредија вистинско шоу за љубителите на модата. Од 28 до 30 август, тие ги презентираа парчињата од Алта мода, во присуство на голем број одбрани ѕвезди.
Од Хајди Клум која дојде со ќерката, Шерон Стоун, Вин Дизел, Хелен Мирен, Сираја, Крис Џенер, Моника Белучи, Кити Спенсер, листата на познати гости беше навистина долга.
Сепак, вниманието го собра Џенифер Лопез, која се појави како вистинска Долче и Габана божица.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Таа носи панталони и топ, украсени во стилот на Долче и Габана, а на тоа е додаден моќен плашт и круна.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Преку 400 супер богати гости, имаа можност да ја видат најновата колекција, „довезена“ преку гондола, начинот на кој и повеќето од гостите пристигнаа на шоуто.
Парчињата беа во препознатлив стил за модното дуо, кое во фокус ја стави локалната уметност и културата на градот домаќин на нивната ревија. Со оваа колекција како велат, го слават богатството на италијанското занаетчиство, а во тој дух, на секој од гостите односно клиенти, им беше подарен и специфичен, уникатен сувенир.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во продолжение пак, погледнете дел од луксузните креации кои ги носат исклучиво млади модели, што не е нималку случајно. Модното дуо порача дека на овој начин сака да даде до знаење дека алта модата не е само за возрасните, туку совршено стои и на младите.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram