Драматична пред – есенска колекција на Меквин

5 декември 2014

Александар Меквин акцентот во новата колекција го стави на естетиката и неконвенционалноста на уличната мода. Токму затоа, приоритет го имаат кожените парчиња, тексас јакните, асиметрични здолништа, панталони со должина до под колената и фустаните и сакоата со принтови. Доминантна е црната боја, повремено разиграна со кралско сина. Иако овој пат ексцентричноста е исклучена од облеката, сепак Меквин не би бил тоа што е, доколку не внесе уникатност, а во конкретниот случај тоа се однесува на чевлите кои  целосно се декорирани со пердуви.

 

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Колекции