Дре Хемингвеј е новата муза во лукбукот на Луј Витон за есенската сезона
•
16 август 2013
Американскиот модел Дре Хемингвеј, внука на познатиот писател Ернест Хемингвеј е новото заштитно лице во лукбукот на модната куќа Луј Витон за сезоната есен-зима 2013/14. Главниот виновник за одличните фотографии направени во хотелот Крилон во Париз е Кото Болофо.
Моделот носи долги крзнени палта, панталони, плетени фустани, наметки, хеланки, а исто така и чанти и куфери со заштитниот знак на овој моден бренд. Ова е една од најгламурозните и стилски најдобро претставени колекции. Споена со прекрасните чанти, совршениот дизајн на обувки, ракавици и накит се добива софистициран портрет на аристократска елеганција.