Шпанската модна куќа Делпозо ја промовираше својата пред-есенска колекција во која водечкиот мотив е егзотиката.
Креативниот директор Џозеф Фонт се инспирираше од уметноста на двајца артисти, небото во фотографиите на италијанскиот фотограф Франко Фонтана и птиците во фотографиите на британскиот фотограф Лук Стивенсон.
Линиите на небото од фотографиите се пренесени на кроевите и на мотивите со пруги, а раскошните бои од пердувите на папагалите се разлеани по основата на романтичните здолништа, елегантните панталони и префинетите кошули.
И овој пат Делпозо креираше беспрекорна колекција во која секој сегмент идеално ја надополнува комплетната слика.
Инаку, уште еден значаен момент со кој овој шпански бренд навлегува во една своја нова ера, е тоа што колекциите од следната сезона наместо во Њујорк, ќе ги презентира во Лондон.
Фото извор: Делпозо