Модната куќа Елена Лука не’ изненади со нова пролетна колекција во која е рефлектиран идентитетот на современата жена. Колекцијата која е достапна во повеќе конфекциски броеви, е суптилен микс на деловниот изглед со елегантната, женствена нота што ја чини префинета секоја жена.
Во кампањата за колекцијата пролет-лето 2015 година беа ангажирани шармантната водителка Билјана Дебарлиева и манекенката Ангела Карова со што се потенцираше соодносот помеѓу различните генерации за кои се наменети дизајнерските парчиња од новата линија.
Големиот избор на дизајнерска облека вклучува: елегантни деловни панталони и сакоа со средна должина, кошули изработени од пријатен и лесен материјал со црно-бели притнови со точки и пруги, дезенирани здолништа, блузи со пеплум крој, женствени фустани изработени од богата тантела како и урбани здолништа со колоритни, цветни принтови.
Парчињата може да се комбинираат како во дневни и деловни изгледи, така и во варијанти за свечени пригоди.
Инаку Елена Лука покрај новото ателје што неодамна го отвори во Струмица, својата продажна мрежа ја проширува и во Прилеп каде наскоро се отвора нов продажен салон под франшиза на брендот.