Планетарно популарниот дизајнер Томи Хилфигер вчеравечер одржа фасцинантна ревија во Калифорнија каде ги собра сите негови омилени девојки и најпознати модели на денешницата да ги презентираат новите парчиња.

Сосема очекувано, неговата муза Џиџи Хадид беше вистинска ѕвезда на вечерта заедно со нејзината сестра Бела, а и двете носеа навистина интересни и посебни парчиња од новата колекција.

Дел од ревијата беа и познатите модели Стела Максвел која пристигна со нејзината девојка, актерката Кристен Стјуарт, потоа Џоан Смолс, Девон Виндсор и уште многу други кои беа вистински убавици.

Што се однесува до парчињата, дизајнерот повторно прикажа уникатни и шик парчиња во прекрасни бои, наменети за неговата млада публика.

На пистата на фантастичната Venice Beach можевме да видиме кожени панталони, колоритни маички, куси здолништа со шик ремени, тексас кошули, мото чизми, но и лежерни бохо кошулчиња со цветни апликации совршени за лето.

Како и секогаш на неговите ревии, првите редови беа полни со познати личности, меѓу кои и Лејди Гага на која дизајнерот ѝ се поклони за одличниот настап на годинешниот Super Bowl.

Покрај неа, во публиката можевме да ги видиме и родителите на Џиџи и Бела како и нејзиниот брат, актерката Никола Пелц, како и музичката ѕвезда Ферги која ги забавуваше присутните со мини концерт на плажата.

Во галеријата погоре погледнете ги парчињата од новата колекција на дизајнерот и атмосферата на фантастичната Venice плажа.

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
344 пати