Гвен Стефани има нова модна линија

23 декември 2014

Откако ја импресионираше публиката и модните критичари со колекцијата од линијата L.A.M.B на њујоршката модна недела, пејачката и дизајнерка Гвен Стефани повторно собира поени на модната сцена. Станува збор за нова линија на женска облека која го носи името DWP или дизајн со намена. Урбаните и пролетни шик- парчиња се во кежуал варијанта, а се создадени како резултат на соработка со џинс гуруто Мајкл Гласер.

-Оваа нова линија е поинаква од се што сум работела досега. Парчињата се доста едноставни и се за секој ден, така што тоа за мене е ново. Мајкл главно работеше на панталоните, а јас ги осмислив горните парчиња, изјавува за странските медиуми Гвен Стефани.

Гласер веќе очекува заработка од колекцијата меѓу пет и осум милиони долари. Освен колекцијата, талентираната Гвен лансираше и свој парфем  Harajku Lovers, анимиран филм од 52 епизоди, а во подготовки е и нов музички проект.

 

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Колекции