Иако времето воопшто не личи на лето, тоа не значи дека не треба да се подготвуваме за топлите денови кои се надеваме дека ќе дојдат.
Омилениот шведски бренд H&M има нова летна колекција која е создадена за уживање на плажа и сите убавини што таа ги носи со себе.
Како што соопштија од брендот, новата колекција е инспирирана од југот на Франција, а едиторијалот што го снимија го носи насловот Riviera Dreaming.
Во колекцијата тие сместија костими за капење како најпосакувани парчиња за летото, лежерни кошули, прекрасни блузички и фустани, куси панталони и здолништа, бела широка кошула и што уште не.
Дефинитивно, најпопуларното парче покрај костимите за капење се белите кошули кои брендот ги има во изобилие, а тие се и најлесни кога станува збор за комбинирање во лето.
Она што тие препорачуваат се едноставни и чисти парчиња во кои навистина вреди да се инвестира секоја сезона.
Извор и фото: Fashion.hr