Досега имавте можност низ нашите содржини повеќепати да прочитате за децата на славните личности и почетоците на нивните модни кариери. На листата за најшармантни што успеаја од првпат да ги освојат симпатиите на голем број уредници, дизајнери и фотографи во светот, се најдоа имињата на Патрик Шварценегер, Скот Иствуд , Раферти Лоу, браќата Бекам и браќата Брент.
Факт е дека во оваа група на супер убави момци се вброи и Џек Килмер, синот на поранешниот Бетмен, Вал Килмер, кој е новото заштитно лице во рекламната кампања за сезоната есен – зима за машка облека на модната куќа Сен Лоран. Она што не знаевме дека изминативе денови младиот Џек Килмер, доби засилување. Станува збор за Дилан Бросман синот на поранешниот Џејмс Бонд или Пирс Бронснан кој исто така се појавува во кампањата.
Фотографската приказна низ неколку црно-бели кадри ја раскажува креативниот директор на брендот Хеди Слиман, чија цел е модната порака на куќата „Враќање на гранџ стилот“, да ја претстави преку моден двобој, соочувајќи ги 17 – годишниот Дилан и 19 – годишниот Џек. Слиман секогаш сака да експериментира со нови лица и во своите проекти секогаш вклучува модели кои не се истрошени.
За Броснан - Јуниор, ова е прв деби настап, додека Килмер – Јуниор веќе можевме да го видиме во филмот на Џија Копола „Palo Alto“ и како модел на ревијата за пролет – лето 2015 година на модната куќа Сен Лоран.