Вес Гордон вчера ја презентираше најновата колекција на модната куќа „Каролина Ерера“. Без разлика што се работи за сезона есен-зима 22/23, парчињата што ги видовме асоцираат на ведра пролет.

Цвеќето е јасна асоцијација и кога се формите и кроевите во прашање, но и изборот на бои. Секако, ниту една колекција на Гордон не поминува без почит кон основачката на брендот, па комбинацијата на долго широко здолниште и бела кошула не ја одмина ниту оваа.

Сепак, она што било во центарот на креативноста на дизајнерот е жената.

„Сакав да создадам колекција која ќе вклучува парчиња со кои жените ќе постигнат wow ефект, кој мислам дека на сите им е потребен“, вели дизајнерот за светските медиумии.

Ние во оваа колекција гледаме и потенцијални креации за црвениот килим на „Златните глобуси“ и „Оскарите“. 

Од комбинезони, преку гламурозни фустани, до одела, секоја од комбинациите вклучува интенизивни нијанси, од кои доминираат нијанси на магента. Вес Гордон ја поистоветува жената со цвет - елегантен, нежен, но и впечатлив - а со неговите креации таа ќе изгледа токму така.

Погледнете уште неколку модели во продолжение, а целата колекција е во галеријата на почетокот од текстот:

Објавено:
15 февруари 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
510 пати