Каролина Ерера е препознатлива по интензивните бои и принтови, но сепак за новата колекција пролет/лето 2024, кретивниот директор Вес Гордон реши малку да отстапи од очекуваното.
Палетата на бои беше светла, со голем број на монохроматски дизајни, сосем малку принтови и изобилство на фустани.
Слоевите беа во фокус, а пистата беше стационирана во музејот Витни во Њујорк. Легендарната дизајнерка седеше во првите редови и уживаше во колекцијата на нејзиниот наследник.
Нејзините зборови упатени на последната работа на Вес беа дека модерното може да биде многу женствено и дека чистите линии и минимализмот во дизајните никогаш не се досадни.
Целата колекција како да оддаде почит на гламурот од 90-те. Бледо жолта, виолетова и правливо розова им правеа друштво на црно белите и светкаво сивите нијанси.
Според Вес денес во модата нема ноќни и дневни парчиња, секој може да носи што сака и кога сака.
Тоа беше поткрепено од фактот што шоуто го отвори и затвори слична комбинација – молив здолниште и памучна кошула.
Фото:Vogue/Getty