Дизајнерката позната по исклучително женствениот и сензуален стил што и самата го практикува во својот имиџ, Каролина Херера, за следното лето, на Модната недела во Њујорк, презентираше игрива и забавна колекција со младешка енергија.
Доминира богат колорит, спој на принтови и интензивни бои, што го носат темпераментот на колекцијата. Кројот кај најголем дел од моделите се заснова на една заедничка формула: нагласени, широки ракави, тесен струк и лелеави и волумензони здолништа.
И самата ќе каже дека голем дел од нејзините клиенти се млади девојки, секојдневно е опкружена со нив и точно знае кои се нивните барања, на што таа одговори со новата пролет-лето 2018 колекција. Но, секако сосема коректно е отстапено и место за нејзините долгогодишни клиенти и повозрасните дами, за кои креираше миди здолништа во комбинација со кошули, романтични блузи со карнери споени со панталони со висок струк и раскошни макси фустани.
Она што ни падна во очи, е случајно или не, сличната идеја во користењето на палетата бои, со колекцијата на Оскар де ла Рента. Колекциите и на двата бренда имаат впечатливи парчиња, меѓу носечките во новите линии, што се инспирирани од уметничките слики, концепирани на сличен начин.
Лево Каролина Херера пролет-лето 2018 - Десно Оскар де ла Рента пролет-лето 2018
Фото извор: Monica Feudi / Indigital.tv / Vogue.com