Кејт Мос по седми пат во кампања на Стела Мекартни
•
24 јули 2014
Седми пат по ред Кејт Мос е заштитно лице на кампања на Мекартни. Последен пат беше ангажирана во 2009 година, а сега повторно за потребите на модната дизајнерка застана пред објективот на фотографското дуо, Мерт и Маркус. Фотографиите се направени во Лондон, а различните сцени претставуваат глечери, шуми и вселена со што Мекартни на еден начин ја изразува својата почит кон природата.
Најголемо внимание во целата кампања предизвикува моделот на чанта „Cavendish“, а секако тука се и волуменозните џемпери во кои Кејт изгледа опуштено и шик. Новите фотографии ќе бидат дел од есенските изданија на сите познати модни магазини.