Кенје Вест ја отвори постапокалиптичната ревија на Balenciaga во Париз

3 октомври 2022

Канје Вест (или Је како што сега се нарекува) беше гостин ѕвезда на вчерашната ревија на Balenciaga за лето 2023 година во рамките на модната недела во Париз која се одржа во париското предградие Вилпет!

Модната писта изградена од шпанскиот уметник Сантијаго Сиера претставуваше постапокалиптична сцена покриена со кал (како симбол за топењето на снегот) на која беа претставени креациите на креативниот директор на модната куќа, Демна Гвасалиа.

Канје Вест ја отвори ревијата облечен во монохроматска креација - војничка облека составена од јакна со повеќе џебови со технички акценти, кожени панталони со зајакнати колена, надополнета со бејзбол капа и дуксер со качулка.

Фото: Vogue

Креативните врски што ги поврзуваат Је и Демна се чини дека стануваат посилни од кога било. Откако му ја претставија Donda на светот во август 2021 година (под креативно раководство на Демна), креативниот директор на куќата Balenciaga и американскиот музичар започнаа со работа на ревијата за Париз.

Фото: Vogue

Моделите што го следеа Вест носеа креации во ист стил и несомнено потсетуваа на група луѓе кои преживеале војна - со шминка која асоцирање на повреди и рани и облечени во облека која делуваше старо и изветвено, вклучувајќи качулки, фармерки, предимензионирани маички и вечерни тоалети, надополнети со чанти изработени од стари плишани животни.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Демна има свое искуство од војна - тој побегнал од Грузија со своето семејство кога бил имал само 10 години, па земајќи го тој факт предвид, неговата колекција прави голема смисла.

Откако 75-те модели продефилираа на влажна патека, нечистотијата им ги распрска голите глуждови, им ги натопи рабовите од здолништата и пантолоните, и комплетно ги извалка 3-Д исрпинтаните кломпи.

 

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше ревијата на Balenciaga во Париз.

Фото: Vogue

Објавено:
3 октомври 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
554 пати