Викторија Бекам е дефинитивно една од омилените дизајнерки на дамите ширум светот, а деновиве ја сакаат уште повеќе благодарение на фантастичната колекција што таа ја прикажа во рамки на модната недела во Лондон.
Иако често можеме да ја видиме во темни нијанси, понекогаш таа знае да одбере и црвени парчиња со кои секогаш ги разигрува комбинациите.
Токму со таква комбинација таа ја започна нејзината ревија во Лондон каде ја прикажа есенската колекција во која вметна толку многу стилски парчиња во кои ќе се заљубите на прв поглед.
Таа често знае да каже дека нејзините клиентки сакаат да раскажат приказна преку парчињата што ги носат, па следната сезона Викторија Бекам дамите дефинитивно ќе раскажат среќни приказни.
Сосема во нејзин стил, дизајнерката прикажа базични парчиња за гардеробата на секоја жена како ролки од исклучителен материјал, здолништа до под колената, женски костими, лелеави фустани, совршено скроени капути, шик кошулки и топли џемпери.
Што се однесува до боите, и овојпат дизајнерката направи фантастични миксови како црвена со портокалова, темно сина со темно зелена, минт со крем и црвена и уште многу други.
Таа повторно ги разгали дамите со неодоливи фустани од тантела, но и плетени во интересени бои и дезени што ќе бидат совршени да се отвори студената сезона.
Во комбинациите вметна и интересни модни додатоци како чанти во прекрасни бои и стилски високи чизми со отворени прсти.
Како што пишува Вог, ова дефинитивно беше модерна колекција создадена од модерна жена. И сите ја обожаваат.
Фото: Filippo Fior / Gorunway.com, Vogue