Кога Ели Сааб би ве облекувал за на работа! Pre Fall колекцијата на еден од омилените дизајнери

25 јануари 2021

Принцот на светките и монистата, како што некои го нарекуваат Ели Сааб деновиве ја претстави својата Prefall колекција за 2021 година. Минатата година беше тешка за дизајнерот, кој среде пандемијата, во експлозија во родниот Бејрут ја загуби својата куќа и ателјето. 

Но, тоа не го спречи заедно со неговиот тим повторно да воодушеват. Во оваа колекција фокусот е ставен на дневните изгледи, на тоа како би изгледала жената облечена во Ели Сааб додека е на работа. Многумина ќе се согласат дека идејата на дизајнерот за аутфит од 9 до 5 е повеќе соодветен за излегување во вечерните часови. Но, кога нешто што создал Ели Сааб било едноставно?! 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld)

Колекцијата е инспирирана од 70-те години на минатиот век, а дизајнерот вели дека тие се годините кога почнал да ја забележува убавината на нештата околу себе. 

Карирани парчиња, тигрест принт, интензивна зелена и црвена, црни и бели парчиња и секако, мониста, сето тоа е дел од најновата колекција. 

Објавено:
25 јануари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.568 пати