Кога ќе се спојат Манго, Кејт и Кара...

1 септември 2015

Ако оваа есен сакате да изгледате како вистинска рок ѕвезда, задолжително погледнете ја новата колекција на Манго во која како главни ѕвезди се појавуваат ни повеќе, ни помалку туку Кејт Мос и Кара Делевињ.

Откако пред некој ден беше објавена само една фотографија со која брендот потврди дека двете ѕвезди ќе бидат дел од нивната кампања, денеска беа објавени сите фотографии на кои можеме да видиме кои парчиња ќе бидат хит оваа есен.

Како и во секоја есенска колекција, и Манго во својата смести одлично скроени капути во темни нијанси меѓу кои и црна и темно зелена, потоа топло пончо во сива боја, одлични кожени чизми со животински принт и бохо фустанчиња и елечиња со реси.

На полиците во Манго ќе пронајдете и модерни есенски кошулки со панделка, куси кожени панталони, палта во камел нијанси и уште многу други интересни парчиња.

Додека ја чекаме колекцијата, во продолжение погледнете ги новите парчиња од Манго.

Објавено:
1 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.763 пати