Откако Пјерпаоло Пичоли дојде во Валентино, се чини брендот почна да прави вистинска магија. Таква беше и неговата последна колекција претставена на париската модна недела за која многумина ќе кажат дека беше една од најдобрите.

Сите парчиња што талентираниот дизајнер ги претстави освојуваа со нивниот волумен, карнерите кои секогаш се привлечни, длабокото и секси деколте, боите и секогаш, фасцинантните везови од креативните раце на неговиот тим.

Ревијата започна со претставување на малите бели фустанчиња, некои од нив во форма на кошули, со тантела, со волуменозни ракави и впечатливи колани на половината, секако, дополнително истакнати и украсени со ултра интересен накит во златни нијанси.

Дизајнерот продолжи со прикажување на куси фустанчиња во јаки бои како розова, зелена и жолта, за подоцна на пистата да видиме навидум едноставни кроеви кај фустаните, но со деликатно извезени мотиви на природа.

Тој ниту овојпат не ги заборави раскошните лелеави фустани, дел од нив плисирани, а дел лежерни во долниот дел изработени од прекрасни материјали во јаки бои, но и целосно цветни и прекрасни.

Ревијата заврши со серија бели елегантни фустани совршени за свечености, со пердуви, нежни бели точки, украсени со 3Д цветови и што уште не.

Шминката, како и секогаш, беше супер впечатлива, овојпат во златни нијанси со интересни доработки во пределот кај веѓите на моделите, додека модните додатоци налик римски и секогаш неверојатно привлечни.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
30 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
350 пати