Конечно: Најубавата бохо колекција H & M Loves Coachella

21 март 2016

Како и секоја година, така и оваа, high street брендот H & M создаде совршена бохо колекција за сите девојки кои планираат да го посетат годинешното издание на омилениот фестивал Коачела.

Соработката на брендот со претставниците на фестивалот веќе неколку пати се покажа како одличен потег, па токму затоа и оваа година тие создадоа навистина интересни и кул парчиња.

Сите парчиња се во согласност со динамиката и темата на фестивалот, па така можеме да видиме многу здолништа со реси, куси комбинезони, елечиња без ракави, куси тексас панталони, шик чевли и бохо накит.

Парчињата неодоливо наликуваат на сите оние што изминатите години можевме да ги видиме кај девојките што го посетија фестивалот, а во кои знаеме дека и вие се заљубивте.

Во галеријата ве очекуваат бројни парчиња со реси, бохо моменти, супер принтови, слатки фустанчиња и голем број стилски модни додатоци кои се создадени ексклузивно за Коачела.

Но, не двоумете се да си ги набавите истите и за вашите секојдневни комбинации за летото што едвај го чекаме!

 

Објавено:
21 март 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.473 пати