Кралицата на уличниот шик го промовираше лукбукот за есенската колекција

9 август 2014

По планетарниот бум кој го направи со својата претходна колекција за H&M, Изабел Марант сега најавува нов предизвик за љубителите на урбаниот уличен стил со промовирањето на новиот есенски лукбук.

Одличните парчиња кои беа презентирани на Париската модна недела на почетокот на оваа година, сега се сублимирани во новиот лукбук за претстојната сезона. Кралицата на уличниот шик останува доследна на својот стилски правец и акцентот го става на парчиња со боемски дух.

„Ја сакам удобната и топла облека, оние парчиња во кои може да се движите слободно и ќе се чувствувате сигурно“, изјави креаторката опишувајќи што може да очекуваме од оваа линија. Капути, широки пуловери, џинс, кожени јакни и модни додатоци во препознатливиот стил на Марант.

 

 

 

 

Објавено:
9 август 2014
Категорија: 
Колекции