Креативниот Ристо Бимбиловски со колоритна пролет/лето 2015 колекција

27 септември 2014

Светски познатиот моден дизајнер со македонско потекло Ристо Бимбиловски го објави лукбукот за неговата нова, пролет/лето 2015 колекција, целосно исполнета со магичен колорит кој веруваме никого нема да остави рамнодушен.

Во истата, неговите обожавателки ќе најдат удобни широки панталони со фасцинантен принт, широки здолништа до колената во А – крој, тренди широки панталони со висок струк, елегантни и софистицирани колоритни долги и тесни здолништа комбинирани со куси блузички, но и неговите омилени плетеници како совршени моменти што ја надополнуваат колекцијата.

Особено впечатливи во целата колекција се чевлите, односно овојпат, влечки со колоритна платформа како вистински хит што ќе продолжи да постои и следното лето.

Целата колекција на неверојатно креативениот дизајнер ќе биде претставена утре, во рамките на Париската модна недела.

Објавено:
27 септември 2014
Категорија: 
Колекции