Крзнениот бренд освојува од височините

18 ноември 2014

„Крзното е Фенди и Фенди е крзното“, е основен принцип на луксузниот италијански бренд Фенди. Доследни на девизата, креативните директори Карл Лагерфелд и Силвија Вентурини,  се водеа и во создавањето на колекцијата есен-зима 2014/15 година.

За промотивните потреби на креативната дизајнерска целина е изработен урбан едиторијал од височините на најпознатата градба на модерен Рим , односно графичката зграда која го носи името Палацо дела Чивилта Италијана. Без заобиколувања, фокусот на колекцијата се крзнените парчиња како: младешки и женствено -елегантни бунди, такви во вид на болера и наметки, како и други со нагласена половена и класична смирена линија од кројот.

Покрај доминантните крзнени бунди, Лагерфелд и Вентурини дозираа во ист интензитет и од ефектот на останатите парчиња. Исто толку впечатливи и ултра модерни сè и плисираните долги здолништа во маслинеста и тегет нијанса, споени со уште понеодоливите чизми на висока потпетица.

Фенди во своето ДНК освен пасијата кон крзното, истата доследност ја има и кон кожените текстури. Па така оваа колекција за тековната сезона ќе ве инпресионира и со уникатните аксесоари како кожените обувки, очила за сонце, чанти, алки за раце, часовници во комбинација со кожа и крзно.

Дизајнерите се погрижија за достапноста на додатоците во богата палета од колорни нијанси од есенско-зимската палета како: жолта, боја на црвено вино, тегегет, црна и бела.

Едиторијалот од оваа рекламна кампања укажува кон моќта на жената која на себе има Фенди, качена од височините посматрајќи ги сите останати.

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Колекции