Ланван пролет-лето 2014: Блескава колекција за самоуверени жени

30 јули 2014

Она што Ланван го стави во ценарот на колекцијата за пролет 2014 е секако самодовербата на жената. И доколку на некоја случајно и' недостасува, овие модели сигурно ќе придонесат за позитивен ефект.

Доминираат светкави материјали, фустани со спирални карнери, црна тантела, блејзери од твид, комбинезони од свила со украсен, суптилен горен дел... Кога ги гледате еден по друг, првата асоцијација ви е на диско забава.

Голем број од креациите се украсени со ситни скапоцени камења, навезени на креациите, што дополнително придонесуваат за уште поголем светкав ефект.

Во колекцијата доминираат фустани, со различни кроеви што би одговарале на силуетата на речиси секоја жена. Со претставените комбинации на парчиња и материјали, Елбаз покажа дека е храбар, токму како и жените што би ги носеле.

18

Модните додатоци ја комплетираат приказната, па воопшто не се препуштени на случајот. Масивниот накит со името на брендот, и големите „garbage“ чанти совршено се вклопија во приказната. А чевлите пак, светкаат исто како и креациите.

Погледнете ја колекцијата во продолжение и одберете си модел во кој вие би сакале да заблескате.

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Колекции