Ликовите од Симпсонови како најпосакуван принт сезонава

14 октомври 2014

Еден од најпознатите американски цртани филмови Симпсонови се уште може да се пофали со голема популарност кај јавноста, а оваа предност ја уживаат и модните брендови кои ги користат ликовите од цртанот како принтови за украсување на парчињата облека.

Благодарение на соработката меѓу 20th Century Fox Consumer Products и Forevar 21, дел од култните ликови, односно Марџ, Барт и Лиса се повторно актуелни, но овој пат на модната сцена. Брендовите лансираа капсулна колекција за чија инспирација послужија 90-тите години, а во неа преовладуваат маици, блузони, здолништа и кратки топови, чии цени ќе се движат од 15 до 23 долари. Покрај колаборацијата, двата бренда на овој начин ја прославуваат 25 годишнината од постоењето на култните Симпсонови.

Објавено:
14 октомври 2014
Категорија: 
Колекции