Познатиот дизајнер Мајкл Корс за оваа сезона (пролет-лето 2014) создаде колекција која на секоја реална жена ќе и се допадне. Тоа се парчиња во спортско-елегантен стил, со доза на романтичност. Се карактеризираат со мекост и пријатност, а по својата надворешност може да се забележи дека дизајнерот се инспирирал од 1940-тите и 1970-тите.
Колекцијата содржи се' што на една жена би и затребало во летниот период - костими за капење, куси фустани, панталони, палта, летни мантили, како и долги фустани за вечерно излегување или некоја свеченост.
Костимите за капење се со ретро нота и во нив би изгледале како вистинска пин-ап девојка. Корс во поголем дел од колекцијата се одлучил за чисти линии, а освен еднобојните парчиња (најчесто во бела боја и кафени нијанси), се сретнуваат и парчиња направени од материјал со цветен принт.
Мајкл овој пат навистина се потрудил да ги задоволи сите вкусови. Така, освен за помладите генерации, оваа колекција содржи и парчиња за зрелите дами, а особено можете да најдете инспирација за деловните комбинации.
Во продолжение погледнете ја целата колекција: