Мајкл Корс знае што им треба на жените оваа сезона

22 ноември 2014

Есенската колекција ни Мајкл Корс изгледа како надоградување на пролетната. Лелеави фустани со принт, со кожени ремени, едностани памучни кошули, здолништа со А-линија, како и кардигани и широки џемпери, сè тоа го имаше на писта, а ние посакавме да го имаме во нашите плакари.

Мајкл им посвети внимание и на мажите. Сите машки модели се во комбинации со волуменозни и удобни плетени парчиња и панталони. Капутите се во тренди беж и сива боја, одлично надополнување на веќе покажаните комбинации. Она што привлече големо внимание беа сандалите. Некои овој чекор го окарактеризираа како храбар чекор, а некои сметаа дека тие го расипуваат севкупниот позитивен впечаток за колекцијата.

Со оваа колекција Мајкл Корс покажа дека навистина знае што им треба на жените. Покрај веќе споменатите парчиња, дизајнерот го вклучи и крзното, омилениот моден додаток на секоја жена.

Погледнете и уживајте во колекцијата на американскиот дизајнер за актуелната сезона

Објавено:
22 ноември 2014
Категорија: 
Колекции