Еден од омилените српски дизајнери Михано Момоса има нова пред - есенска колекција во која смести неколку класични и супер елегантни парчиња.
Токму со ваквите впечатливи парчиња дизајнерот Михаило Анушиќ се издвои од останатите и за кратко време стана препознатлив на Балканот и поширокот.
Како и секогаш, тој и овојпат користеше квалитетни материјали од кои изработи прекрасни палта, капути, рoлки, кошули, панталони и елечиња.
Сосема очекувано, во колекцијата тој смести и дел од неговите препознатливи чанти што овојпат девојките можат да ги носат и како ремен на половината.
Што се однесува до боите, дизајнерот овојпат работеше со нежна сина, бела, светла крем и впечатлива розова.
Сите парчиња погледнете ги во галеријата погоре.
Инфо и фото: Buro 24/7