Модата како уметност: Во Париз отворена изложба посветена на Скиапарели

21 јули 2022

Утре во Musee des Arts Decoratifs во Париз ќе биде отворена изложбата "Shocking! The Surreal World of Elsa Schiaparelli" посветена на дизајнерката која уште пред 90 години направи вистински пресврт во светот на модата и ја промени засекогаш.

Фото: elle.hr 'Фото: Vogue

Куратор на изложбата на која ќе бидат прикажани 577 дела, вклучувајќи 212 костими и модни додатоци, поставени покрај 365 слики, скулптури, накит, шишиња со парфеми, керамика, постери и фотографии и преку која дизајнерот Даниел Роузбери го оживува овој бренд е Оливер Габерт.

Фото: Vogue

Инспирацијата за авангардните модни креации, италијанската дизајнерка ги извлекувала од нејзината фасцинација и лична соработка со надреалистички уметници од париското милје од 1920-тите и 30-тите години, како Салвадор Дали, мерет Опенхајм и Жан Кокто, а оваа изложба ќе биде одличен приказ на целиот инспиративен и креативен процес на Скиапарели.

Речиси 20 години по ретроспективната изложба во 2004 година, Musee des Arts Decoratifs повторно ѝ оддава почит на неверојатната иновативна фантазија и надреалистичка естетика на Скиапарели, потенцирајќи ја релевантноста на нејзините дела за јавноста и сегашноста.

Фото: elle.hr

Фото: elle.hr

Оваа голема ретроспектива, исто така, го истакнува наследството на стилот Скиапарели со силуети интерпретирани од познати дизајнери вклучително и Ив Сен Лоран, Азедин Алаја, Џон Галијано и Кристијан Лакроа.

Па, доколку патот ве одведе во Париз, не пропуштајте да ја посетите изложбата која почнувајќи од утре (22 јули) ќе биде отворена до 22 јануари 2023.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
21 јули 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
242 пати