Во соработка со словенечкиот фотограф Маријо Жупанов, македонскиот моден бренд Лудус изработи моден фото едиторијал во Љубљана, Словенија со моделот Примож Пунгартник од агенцијата Имортал Моделс.
Едиторијалот е насловен Mornings like this one и беше екслузивно објавен за првпат на берлинскиот интернет магазин Калтблут.
Овој месец излезе и 5-тото издание на словенечкиот печатен магазин М-mag (поранешна Модна), каде се најде верзија од едиторијалот во авторска пост-продукциска преработка од Жупанов.
Колекцијата е продолжување на потрагата на авторот Драган Христов во полето на естетиката, пропорциите и воспоставените принципи на дизајн.

Златниот број Ф и други математички законитости, се дел од референците на оваа колекција, како и минимализмот во сликарството кај Супрематистите и Конструктивистите од почетокот на минатиот век.

Изработена во неутрални бои, а материјалите се исклучиво стопроцентно пиродни како памук, лен и свила. Кроевите се препознатливи за Лудус и јасно го отсликуваат латинското значење на името на етикетата.

Елементот на изненадување е речиси присутен во секое парче од оваа колекција.Колекцијата Ф може да се најде на веб продавницата на Лудус ludus.com.mk, во концептуалната продавница Пентља, на улица Мачкова 4, во Љубљана и на редовните поп-ап настани кај нас и во Европа.