Необичен спој помеѓу модниот и дизајнот на интериер

24 јуни 2013

Компанијата за домашен декор Korhani на модната недела во Торонто уште еднаш ја докажа непрекинливата конекција помеѓу светот на модата и светот на интериерниот дизајн. Нивната инспиративна сезонска колекција е поделена на три дела со наслови : убав ден, елегантна Рицова колекција и тропскиот рај која пак е поттикната од името на мексиканската сликарка Фрида Кало. Ова е нивна четврта сезона на модната недела во Торонто и секако се единствени модни дизајнери кои својата креација на модели ја исползуваат од идејата на домашен декор за висока мода или познат како „carpet couture“. Оваа сезона пролет/лето 2013, госпоѓата Kirsten Korhani  колекцијата ја претстави во живи, вибрантни бои и гламурозни емоции со сензуална доза на смирение и убавина. Секоја креација на Korhani е страствен производ на креативната женственост.

Тргнувајќи од поставката дека модата нема граници, тоа е и главната идејна водилка на интернационалната компанија која ги урна индустриските граници создавајќи прекрасни естетски простори и за домот и за силуетите на младите дами кои се непобитен фактор за безграничниот уметнички домет на човекот.

 

 

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Колекции