Нова H & M колекција по која ќе полудат сите трендсетерки!

23 март 2015

Конечно излезе целосниот лукбук на новата Conscious Exclusive колекција на брендот H & M. Нивните колекции од кои се навикнавме да очекуваме навистина добри парчиња, од сезона во сезона стануваат сѐ подобри, па девојките ширум светот со нетрпение ги очекуваат.

Оваа сезона, шведскиот бренд ја создаде можеби најромантичната колекција досега, целосно изработена од лесни и квалитетни материјали, меѓу кои и свила, сатен и неодоливо мек памук.

Заштитно лице на колекцијата овојпат е актерката Оливија Вајлд која пред неколку дена на сосема шармантен начин ја најави пролетната колекција со само неколку фотографии.

Викендов беше објавен целосниот лукбук од колекцијата во кој можеме да ги видиме буквално сите парчиња што дизајнерите на брендот ни ги подготвија овојпат.

Во колекцијата, покрај модерните и шик вечерни фустани, трендсетерките ќе најдат и свилени комбинезони, совршено скроени женски костими, плисирани фустани до колената, но и нежни кошулки, маички и здолништа со интересен крој.

Во галеријата во продолжение, погледнете ги сите парчиња за кои веруваме дека ќе станат вистински хит за многу кратко време!

Објавено:
23 март 2015
Категорија: 
Колекции