ЕЛЕНА ЛУКА има нова ексклузивна колекција што нема да ве остави рамнодушни

31 август 2022

Убавината и раскошот на жените од митологијата, божиците и нимфите, се креативниот импулс како инспирација за новата капсулна колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, „Satin dream" која својата приказна ја создава околу артистичниот моден израз.

Архитектурата, скулптурите и декорациите од старата грчка и римска уметност, вешто се преточени во модернизирана линија на ексклузивни тоалети кои на современите дами кои бараат смел и атрактивен дизајн, им ја овозможуваат привилегијата да се почувствуваат како вистински божици.

За да се постигне ефектот на грациозност, користени се памучен сатен, префинета органза и свилен жоржет, кои ќе ја овозможат леснотијата и сензуалноста при движењето, а истовремено ќе ја дадат перфектната нота на женственост како краен идеал на оваа капсулна колекција.

Комбинацијата на земјени тонови, златни и бакарни нијанси, потенцирани со рачно дизајнирани орнаменти и декорации, го отсликуваат раскошот на тоа време, правејќи умешна трансформација во денешното и идно модно време.

За божиците на новото време, ЕЛЕНА ЛУКА креираше колекција која нема да ве остави рамнодушни.

„Satin dream" е достапна онлајн на www.elenaluka.com и во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Капиштец, Скопје.

 

Објавено:
31 август 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
880 пати