Во чест на досегашната петгодишна работа како eкспериментална модна етикета „Лудус“ ја прикажува мини-колекцијата под наслов Permanent Black. 

Се работи за реинтерпретација на досега комерцијално најуспешните парчиња од сите колекции во црна боја со 100 проценти природни материјали како волна и памук. 

Изборот од најпродаваните производи отсега ќе биде постојано достапен за клиентите преку интернет продавницата Бастет Ноар. (www.bastetnoir.com/ludus)

Мини колекцијата е само првата фаза од враќањето на најуспешните дизајни во постојанo производство. Напролет колекцијата ќе биде надополнета со пролетни и летни парчиња соодветни за сезонската потреба на пазарот. 

Фотосесијата овој пат ја изработи фотографката Ана Марија Радосављевиќ, моделот e постојаната соработничка Aна Калачоска, а стајлингот, шминкатa и фризурата се на блогерката Мартина Неделковска. 

Колекцијата истотака ќе биде достапна и во концептуалната продавница во центарот за иновации Јавна Соба во Скопје.

Објавено:
23 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
724 пати