Хрватската миленичка Александра Дојчиновиќ која неколку години работи под името LeiLou by Alex, вчеравечер ја прикажа новата пролет/лето 2017 колекција со која како и секогаш ја воодушеви публиката.

Години наназад таа ги обожава жените и секогаш знае што да им предложи за следната сезона, па така беше и овој пат.

Нејзината нова колекција донесе и многу новитети кога станува збор за материјалите како парчињата од металик кожа или тантела украсена со кадифени детали.

Покрај омилените пастелни нијанси на Дојчиновиќ, овој пат можевме да видиме и малку поинакви бои како портокалова, металик зелена, сребрена, кафена, па дури и црна, но таа никогаш не ги заборава романтичарките.

Така, на пистата можевме да видиме и шармантни фустани во пастелно сина, розова, бела, светло зелена, нежна кафена сите подеднакво прекрасни и украсени со апликации какви што само таа знае да избере.

Кон крајот на ревијата на пистата таа прикажа и елегантни црни комбинации, како светкави панталони комбинирани со исто такво палто и бела тантелна маичка, потоа кус црн фустан украсен со пердуви, транспарентни долги фустани и други навистина елегантни парчиња.

Она што беше интересно и што е сосема во тренд беше комбинирањето на нежните фустани со црни мрежести хулахопки и речиси идентични чевли на висока потпетица со врвки над глуждовите.

Шминката и фризурите на моделите беа сосема едноставни, односно природни со нагласени црвени усни кај речиси сите девојки.

Како и на секоја ревија, така и на оваа се појавија голем број од хрватските трендсетерки меѓу кои и актерката Кристина Крепела, Бојана Грегориќ, Петра Куртела, Данијела Мартиновиќ, Ива Балабан и многу други.

Погледнете ја целата колекција на дизајнерката погоре во галеријата. 

Објавено:
11 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
194 пати