Новата колекција на Ели Сааб ќе сакате да ја гледате одново и одново

21 јануари 2019

Пред-есенските колекции за 2019 година се актуелни периодов, па имаме можност да видиме како ќе се движат модните трендови.

И Ели Сааб неодамна ја презентираше неговата нова колекција и повторно успеа да ја освои женската публика. 

Модниот израз на либанскиот дизајнер станува се' пософистициран. Веќе одамна светкавите и тантелни креации ги остави за ревиите од Висока мода, а во останатите презентира модерни, женствени, елегантни, а сепак урбани комбинации.

Токму таква е и оваа последната.

Во неа дизајнерот презентира комбинации за современи жени, активни во текот на целиот ден, па затоа истата изобилува со парчиња што можат да се вклопат во деловен стил, попладневна прошетка, шопинг, средба со пријателите, вечера со партнерот или некоја свеченост.

Црната боја доминира, но и принт, жолти тонови, како и бордо и сини. Тантелата е присутна, на нежен и суптилен начин, а забележливо е дека на дизајнерот комбинациите со комбинезон и панталони му се се' поомилени. 

Во продолжение погледнете ја целата колекција. Веруваме дека галеријата ќе ја свртите неколку пати.

Имате ли омилена комбинација?

 

Објавено:
21 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
6.008 пати
Извор: 
Vogue.com